Курдските сили ја преземаа контролата во Кобане

Курдските сили ја преземаа контролата во Кобане

Борците од курдските „Сили за заштита на народот“ во Сирија вчера ги протераа џихадистите од групацијата Исламска држава од курдскиот погранчен град Кобане во северниот дел на земјата, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, пренесува Ројтерс.

– Курдските борци ја вратија контролата врз неколку позиции во Кобане, кои претходно беа заземени од џихадистите, се вели во соопшението на Центарот.

Курдските сили ја преземаа контролата во Кобане, фото: Ројтерс
Курдските сили ја преземаа контролата во Кобане, фото: Ројтерс

Редуе Џелил, портпарол на сириската курдска полиција изјавил дека околу осум џихадисти од ИД успеале да побегнат на север кон границата со Турција.

Според претставник на курдските сили тие целосно ја вратиле контролата врз градот. Тој соопшти и за голем број убиени припадници на ИД, кои го нападнаа градот пред два дена.

– ИД уби околу 200 лица во Кобане и околината, откако изврши напад врз градот во четвртокот, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.