„Курир“: 20-те мерки на ВМРО-ДПМНЕ за младите, одговор на нивните барања и потреби

Исто така започнале и првите координативни состаноци за имплементација на проектот Инвестирај во својата иднина со кој ќе се овозможат стипендии за постдипломски и докторски студии за студенти од семјества со пониски приходи кои во претходното образование постигнале просек од 8,5.

Наша цел која сакаме да ја оствариме со овој проект, потенцира Груевски е, да им овозможиме на оние кои сакаат да се надоградуваат, а немаат финансиски можности. Заинтересираните ќе можат да добијат максимум 100 бодови, до 20 за постигнатиот успех, до 60 за материјални можности, 10 бодови ќе добиваат студенти кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска  гража, деца на самохрани родители, со посебни потреби, деца од приматели на социјална помош…, а дополнителни 10 бодови ќе добијат студенти кои се на студиска програма на технички и медицински студии, рече Груевски.

Бесплатен железнички превоз за млади

Се прават неопходните припреми за стартување на проектот за бесплатен железнички викенд кој ќе започне да се применува согласно планираното од наредниот месец. Со ова  младите до 27 години ќе имаат можност за добивање на бесплатен повратен билет кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај, секоја прва и трета недела од месецот.

Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.

Бесплатна обука за компјутерски вештини и англиски јазик

До крајот на овој месец, во последната недела од февруари ќе биде објавен и огласот за бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години и почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица ќе бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд.

Во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, млади лица до 29 години ќе имаат можност за посета на обуки за познавање на компјутерски вештини и странски јазици, со што ќе им се помогне на младите за стекнување на соодветни знаења, потребни за воведување во работниот процес. Овој проект предвидува секоја година, почнувајќи од март 2016 година, 2.000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум територијата на Република Македонија. Ќе постојат три нивоа на изучување на јазиците и тоа почетен, среден и напреден. За таа цел кон крајот на февруари оваа година ќе биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават заинтересираните кандидати, додека селекција на кандидатите ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот, 35 бода и социјален статус кој ќе носи и до 65 бода. А за младите кои не студираат, ќе се земе во обзир само социјалниот статус, сметајќи го вкупниот приход во семејството на годишно ниво. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини и знаења потребни и барани на пазарот на трудот. Покрај активните мерки за вработување кои се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани. Значи секоја година по 2.000 лица, за 4 годишен мандат 8.000 лица, истакна Груевски.

Активно се работи во центарот на градот Скопје на зградата каде ќе биде сместена големата мултифункционална читална во Скопје, како и новото матично кое го ветивме. Минатата сабота, за прв пат започнаа да се користат и новите алтернативни ексклузивни простории- на Музејот на македонската борба, каде се случи првата регистрација на брак и просториите на Порта Македонија.

Планот е да се добие современ простор кој ќе има мултифункционален карактер односно освен современа читална, ќе има можност за одржување на концерти, културни манифестации и приеми. Оваа читална ќе биде сместена во просториите на зградата до плоштадот Македонија која  ќе биде завршена кон средината на 2017, истакна Груевски.

По цели пет децении…