„Курир“: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?

„Ова ќе зоврие“. „Можно е да излезе од контрола“. „Навидум овој мир може да експлодира“. „Ние сме навикнати друг да страда-ние сме благонадежни“. „Ќе биде најверојатно граѓанска војна“. „Ќе биде тешко, ама без нас ептен потешко“. Ова е извадок од комуникацијата меѓу првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски и Звонко Костовски која уште на почетокот на годинава беше објавена во сите медиуми, пишува „Курир“.

prepiskacador-640x373

Порталот потсетува дека Звонко Костовски, во моментот кога беше соочен со доказите, ја призна вината и кон крајот на февруари се спогоди на затворска казна во времетраење од 3 години.. Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, тогаш извести:

По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К. вработено во МВР, за кривичните дела: Шпионажа од чл.151 ст.4, вв со ст 1, а во врска со чл 45 од КЗ му се одмерува единствена казна затвор во траење од 3 години“.

Верушевски одлучи да молчи

Зоран Верушевски, за разлика од Костовски, одлучи да молчи пред органите на прогонот и да не соработува. Верушевски и неговиот агент Лазаревски во својата комуникација зборуваат за некој наводен Чадор кој ги штити.

Зоран Верушевски