Курир: Поткуп на гласачи во Гази Баба

Поткупот на гласачи од страна на СДСМ продолжува и во вториот круг на изборите, објави порталот Курир. Имено денеска забележани се партиски активисти на СДСМ во Булачани, општина Гази Баба, како делат брашно и други прехранбени продукти низ селото, со барање истите да гласаат за СДСМ. Поткупот на гласачи беше забележана појава и во првиот круг, кога медиумите објавуваа фото и видео материјал од активисти на СДСМ и државни функционери како делат брашно и прехранбени намирници, а неретко и пари за што граѓаните се погласно зборуваат.

Изборите во недела поминаа целосно во светло на поткуп на гласачи, освен брашно и прехранбени намирници делени се и пари. Информациите од терен кажуваат дека во кафуле во Сингелич, во скопската населба Гази Баба од страна на активисти на СДСМ организирано е давање на поткуп за гласачите од тоа гласачко место.

Истовремено одредени медиуми објавуваат информации дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Борче Горгиевски, се фалел дека вадат гласачи во Гази Баба “како глувци“.

Поткуп на гласачи како што пишувавме во текот на првиот изборен круг забележано е во прилепската населба „Тризла“ каде партиски активисти на СДСМ во придружба на директорот на центарот за социјални работи од Прилеп делеле брашно, зејтин и други прехранбени продукти. Истата шема со поткуп, притисоци и уцени како што гледаме од скопска Гази Баба се спроведува и сега. Изборниот криминал спроведуван од страна на СДСМ и државни функционери останува некзанет, а институциите се неми пред класичните злоупотреби и криминал од страна на власта.

Граѓаните од скопски Чаир пријавуваат дека локалното албанско население вршело притисок кај ромската популација во населбата. Целиот овој криминал, уцени и притисоци, останаа неказнети и несанкционирани од страна на надлежните органи.

Сите овие криминали и докази за изборен поткуп се јасен индикатор дека овие избори се најнефер спроведените избори во историјата на независна Македонија, со поткуп на гласачи, активно учество и злоупотреба на полицијата како и уцени, закани и притисоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.