„Курир“: СЈО молчи дали обвинителките „уловени“ со чашка ракија сослушувале и странки

Дел од медиумите вчера објавија дека обвинителки од тимот на Катица Јанева во опуштена атмосфера со чашка ракија во рака го поминуваат денот. СЈО денеска нема одговор дали споменатите обвинителки сослушувале и странки, пишува „Курир“.

Порталот Журнал вчера објави фотографии кои пристигнале до нивната редакција, а покажуваат дека специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Фатиме Фетаи, кои бараат продoлжување на мандатот, со алкохол во рака и во опуштена атмосфера го поминуваат денот во едно кафуле во близина на СЈО.

lile-fatime-2

Остана отворено прашањето дали Стефанова и Фетаи во текот на денот сослушувале странки, доколку се се земат во предвид најавите од Jанева дека СЈО во текот на неделата ќе врши серија распити.

Порталот пишува дека упатиле прашање до СЈО дали Стефанова и Фетаи во текот на вчерашниот ден сослушувале странки, но одговор не добиле.

lile-fatime

Инаку, медиумите веќе пишуваа за испадите и арогантното однесување на специјалните обвинители, особено на обвинителката Лиле Стефанова,  чии недолични настапи нашироко се коментираа и осудуваа меѓу колегите.

lile-fatime-4

lile-fatime-3

lile-fatime-1

ФОТО: Журнал.нет