„Курир“: Скап нововогодишен инает на Жерновски

Андреј Жерновски оваа година се одлучи да направи паралелна прослава на Нова Година на само 50 метри од централната прослава која со години традиционално се организира на градскиот плоштад во Скопје.

Притоа општина Центар не посочи колку средства ќе потроши за четиридневниот настан. Хрватските медиуми посочуваат дека само настапот на групата Прљаво Казалиште која е планирана да настапи на самата новогодишна вечер, ќе чини над 30.000 евра. Целокупниот настан според познавачите треба да чини стотици илјади евра.

Со ваквиот потег на Жерновски сите тврдења дека нема пари за реконструкција на училишта и градинки и дека општинската каса е празна паѓаат во вода. Тој само пред неколку месеци се жалеше дека нема пари да ги плати учителките за целодневна наставна во основите училишта во Центар, а денес организира скапи и непотребни новогодишни прослави.

Дочекот на Нова Година  на плоштадот Македонија се организира традиционално 15 год и оваа традиција ја почитувале и Ристо Пенов и Труфун Костовски и Коце Трајановски. Овој преседан на Жерновски значи и удар на традиционалната прослава во Центар и Градот Скопје. Ова е прв пат Општина Центар да органзира паралелна прослава на нова Година, а уште позачудувачки е што овој настан ќе го одржи на Сквер Јадран кој е во непосредна близина на Плоштадот. Граѓаните коментираат дека за Нова Година ќе се случува хаос поради прославата органзирана од Општина Центар, бидејќи на растојание од само 50 метри ќе бидат поставени две бини и паралелно ќе се случуваат два концерти.

jutarni-500

Останува нејасно зошто градоначалникот Андреј Жерновски не понудил заеднички да учествува  во традиционалната прослава или не го направил настанот во некој друг дел  на општина Центар кај што досега не била органзирана ваква  прослава. Очигледно  кај Жерновски била посилна желбата наместо со прослава да се занимава со политика и поделби на самата новогодишна вечер.

Prljavo-kazaliste-500

Оваа сума на пари којашто Жерновски ќе ја потроши воопшто не е за занемарување.  Општина Центар можеше овие средства  да ги искористи за обезбедување на целодневна настава во основите училишта во центар, за изградба на нови паркови, детски игралишта или асфалтирање на улици.