„Курир“: Заев по примерот на Шекеринска и Црвенковски слави, а знае дека убедливо ќе изгуби

СДСМ вечерва славеше што премиерот Никола Груевски најави дека утре наутро ќе го достави своето времено повлекување, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека партијата која цела деценија е во длабока опозиција очигледно помисли дека е доволно Груевски да се повлече за да може да слават и да очекуваат власта да отиде во нивни раце.

Но, искусните политичари од СДСМ многу добро знаат зошто не се на власт. Тие ги гледаат и анкетите кои им покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ужива огромна предност во довербата кај граѓаните и дека ниту на следните избори, СДСМ нема да избегне од екстремно нискиот рејтинг.

Ова е многу добро познато и за нивното членство, каде политичарите од СДСМ влеваат лажна надеж за изборна победа, не само за овие, туку и за сите досегашни изборни циклуси во кои опозицијата доживува дебакл.

Груевски со својот потег само докажа дека стои до крај да ги исполни сите обврски од договорот во Пржино. Таму е наведено дека премиерот на државата треба да се повлече од функцијата на 100 дена пред изборите, пишува „Курир“.

Порталот наведува дека СДСМ пред и по бледиот настап на нивниот лидер Заев кој не траеше ниту една минута, одлучи да вее знамиња од автомобилите и да прикажува лажна еуфорија. Иако никому не му е јасно што СДСМ и Заев слават, сепак на јавноста вакво однесување од страна на СДСМ и е многу добро познато.

„Курир“ потсетува дека и на изборите во 2011-та година, кога Црвенковски како тогашен опозициски лидер го замајуваше своето членство со лажно ветување на победа, исто така на празно се славеше во СДСМ.

Во дворот на партиското седиште на Бихаќка беа поставени звучници, шанк со пијачки, знамиња и набавена храна и алкохол со цел да се прослави изборната победа. Насобраното партиско членство дојде да слави, но си замина со наведната глава, а храната и пијалоците беа собрани уште при првичните резултати само два часа по затворањето на избирачките места. СДСМ се соочи со катастрофален пораз на изборите, па Црвенковски ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи го народот со скандалозната изјава „Народот е во право дури и кога греши“, се вели во текстот.

Победа при очекуван пораз славеше и Радмила Шекеринска. Таа со месеци го убедуваше своето членство дека СДСМ ќе победи на изборите и правеше смешна еуфорија. Таа еуфорија спласна со изборните резултати. Народот повторно му покажа црвен картон на СДСМ, а партискиот лидер на оваа партија повторно мораше да се соочи со членството кое го лажеше.

Лидерите на СДСМ еден по еден, со години по ред, на избори се соочуваат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Сите губат. На Бихаќка частат дека ќе победат, пред Влада играат оро, го лажат членството. И после сите вакви чекори губат на избори.

И вечерва во СДСМ се слави, но никој не знае што. И политичарите и членството се свесни дека и оваа прослава ќе заврши со пораз.

Збогум Никола Груевски !! од Ресен.

Posted by Nikola Stankovski on Thursday, January 14, 2016


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.