Куркулас: Грција го почитува идентитетот на Македонија

60

Грчкиот заменик – министер за надворешни работи Димитрис Куркулас во интервју за француски „Ла Трибун“ истакна дека го почитуваат идентитетот на Македонија.

На новинарско прашање дали Грција ќе го искористи претседателството со ЕУ за да ја „деблокира ситуацијата со Македонија и да ја забрза нејзината европска интеграција“, Куркулас рече дека неговата земја дала предлог за сложено име со географска одредница, за да се разликува со истоимениот грчки регион.

– Ние го почитуваме идентитетот на земјата,  но и тие треба да не почитуваат нас. Нашиот став е многу флексибилен, а сепак политичките сили во Скопје не ја користат ваквата отвореност. Токму спротивното, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи.

Куркулас исто така повтори дека Грција „многу позитивно гледа на проширувањето на ЕУ кон  Западен Балкан“ и додаде дека токму неговата земја била „пионер на ова движење во 2003 година“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.