„Куркума“- Природен чистач на организмот!

Куркумата се добива од коренот на билката Куркума Лонга, повеќе годишно растение од фамилијата на ѓумбирот. Благодарение на куркуминот што го содржи и кој е заслужен за нејзината специфична боја, таа има големи лековити својства. Се вбројува меѓу најмоќните природни лекови.

Богата е со витамини од групата Б и тоа:

*Б6-бедоксин, кој е најважен за работата на мозокот и централниот нервен систем. Важен е и за правилнaта работа на мускулите, како и за производство на некои од хормоните.

*Б3-ниацин, кој е доста ефикасен кога станува збор за намалување на холестеролот во крвта.

*Б9- фолна киселина, му дава енергија на организмот и помага во создавањето на црвените крвни зрнца.

Покрај витамини таа содржи и минерали. Од минералите застапени се:

*Манган, кој е моќен антиоксидант, го намалува влијанието на слободните радикали и го неутрализира нивното штетно влијание.

*Калиум – важен минерал за правилно функционирање на сите клетки, ткива и органи во човечкото тело.

*Железо, кој е битен во создавање на силен имунолошки систем.

Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморските клетки, го спречува растот на ракот на дојката, го спречува настанувањето на меланом.

Одличен чистач е на белите дробови, ги ублажува симптомите на астмата. Благодарение на куркуминот, делува благотворно кај лица со замастен црн дроб, ги ублажува симптомите на лица заболени од алцхајмер, а најефикасен е кај ревматските заболувања.

Покрај овие својства куркумата има и антисептички и антибактериски својства, па може да се користи и за дезинфекција на рани и опекотини.

Куркумата се смета уште и за добар извор на природни влакна, па поради тоа го забрзува метаболизмот.

Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес

e-mail: nutri-diet2018@outlook.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.