Курс за мастурбирање ги скара германските студенти

502

На универзитетот во западногерманскиот град Билефелд се разви жесток спор меѓу либералните и конзервативните студентски здруженија околу финансирањето на една работилница за мастурбирање за жени, пишуваа во саботата локалниот печат.

„Ние сакаме да знаеме колку овој курс чини и дали за тоа се користени студентски средства“, изјави Катрин Краузе, претставничка на конзервативното студентско здружение RCDS за дневниот весник Neue Westfaelische.

Студентското здружени RCDS, коешто е тесно поврзано со Христијанскпдемократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, оценува дека станува збор за „грда шега“ и смета дека со овој курс е спречен нормален пристап кон една сериозна тема.

Курсот за мастурбација, кој е наменет за жени и за трансродови лица, се одржува во рамките на тематската седмица „Општество. Моќ. Род“ којашто ја организира локалниот огранок на студентската самоуправа AStA, традиционално политички лево ориентирана организација на студентите од германските универзитети.

Курсот треба да биде одржан во недела, а се состои од два дела: „теоретски и практичен“. Местото на одржувањето им е соопштено само на учеснциите.

Притоа, како што се појаснува, би требало да бидат анализирани општествените аспекти на мастурбирањето, како срамот, но и требало да бидат испробани и „специјални техники“ на мастурбација. Според Facebook страницата на AStA Bielefeld, работилницата е одамна е пополнета, а резервациајта чини 250 евра.

Од RCDS, пак, сметаат дека курсевите не смеат да бидат финансирани од парите на студентите. AStA, инаку, делумно се финансира и од студентските такси коишто ги плаќаат сите студенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.