Куршум завршил во гласачко место за време на пребројување гласови

Вчера околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул. „Коста Новаковиќ”, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

„Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР