Курти гледа излез од несогласувањата во избори

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти оцени дека не е точно дека постои институционален ќор-сокак на Косово и рече дека има несогласувања, но дека решението се нови избори во согласност со Уставот на Косово.

„Од 25 март, здравствената криза е додадена во политичката криза. Сепак, успеваме. По 13 март, го имамвме првиот ден без инфекција со коронавирус. Институционален ќор-сокак? Тоа не е точно. Постојат несогласувања, но има решенија. Во согласност со нашиот Устав, потребни се нови избори “,напишал Курти,

Тој истакнал дека избори се одржуваат низ цела Европа.

„После здравјето на населението и економијата, здравјето на демократијата е исто така во прашање. Изборите ќе се одржат во јуни во Исланд, Франција и Србија, а во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска“.

Се чека одлуката на Уставниот суд

„Мора да имаме избори на Косово, како и локални избори во Подујево. Може да се случат дури и во исто време“, напиша Курти на својот профил на Фејсбук.

Се очекува косовскиот Уставен суд оваа недела да донесе одлука за уставноста на указот на косовскиот претседател Хашим Тачи со кој се задолжува новата Влада.

Со ова треба да се реши дилемата дали за излез од сегашната состојба на земјата се предвремените парламентарни избори после пандемијата на коронавирусот, за што инсистира Движењето за самоопределување на Курти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.