Курти очекува во текот на следната година на Косово уште 600 војници и 500 полицајци

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се очекува во текот на следната година во Косово да има уште 600 војници и 500 полицајци.

Курти рече дека во 2024 година уште 600 војници и 500 полицајци ќе учествуваат во спроведувањето на, како што рече, законот и уставноста, за одбрана и безбедност на Косово, јавија косовски медиуми.

„Кажете им на сите активисти и граѓани дека нема да можат да не спречат ниту на југ ниту на север“, рече Курти на партискиот состанок на движењето Самоопределување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.