Курти по средбата во Охрид – „Имаме договор, но Вучиќ бега и не потпишува

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека постои јавен договор меѓу партиите кои преговараа во Охрид.

– Дојдовме во Охрид да го потпишеме основниот договор со анекс за имплементација. Постигнавме јавен договор за анексот што ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна, како и на последната средба во Брисел на 27 февруари, бега од потпишување. Сега со анекс. Останува на ЕУ да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки – рече Курти.

Курти рече и дека државите ќе се занимаваат и со прашањето за минатото и исчезнатите лица.

Тој го коментираше и прашањето за членот 7, кој според посредникот Борељ веднаш ќе почне да се применува. Овој член се однесува за „самоуправување на српската заедница“.

– Во овој аспект има параграф кој зборува за адекватно ниво на самоуправа на несрпската мнозинска заедница и секако дека ќе се водиме по највисоките стандарди Србите во Косово да немаат никакви повреди и дискриминација, не заборавајќи дека предлогот на Ахтисари создаде огромен простор и можност да ги уживаат нивните права и да ги задоволат нивните потреби – рече Курти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.