Курто Дудуш претепал граѓанин во својата канцеларија

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, по вербална расправија, физички нападнал граѓанин и тоа во неговиот кабинет, неофицијално дознава НетПрес. Наводно причина за тепачката е расправија меѓу граѓанинот и некој од советниците во Општината.

Според нашите информации, Дудуш неколкупати го удрил со тупаници Сенад Ј. (40), во пределот на главата и лицето. Неофицијално, истепаниот е поранешен возач на градоначалникот на Шуто Оризари.

Во билтенот на МВР објавен на 01 мај, годинава, стои дека околу 11.30 часот во полициската станица Чаир, Сенад Ј. од скопското село Трубарево, пријавил дека на 30 април, 2019 година околу 13.20 часот во општина Шуто Оризари, К.Д. физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.