24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Курто Дудуш си вработил десет роднини во општината

Листата до која дошол  Лидер е долга и ги вклучува неговите братучеди, чичковци, како и невенчаната сопруга.

Фата Османовска, невенчана сопруга на Курто е претседавач на Советот во општината каде е тој градоначалник.

Дудуш си го вработил неговиот чичко во секторот за урбанизам, токму во Општина Шуто Оризари. Во таа локална институција место се најде и за неговиот тетин Демир Јашар. Курто не го заборави ни својот вујко Сејнур Мемед, кој го вработи во Геронтологија како возач на директорката Салија Љатиф.

За скандалот да биде поголем, Вулнет Демир, тетин на градоначалникот стана шофер во истата општина. Неговата сопруга пак, Софија Демир, тетка на Куртош, стана шефица на техничкиот персонал во основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“.

Градоначалникот сепак не ги заборавил ниту братучедите. Неговиот прв братучед Алмир Дудуш го ставил одговорен за спорт и спортски активности во општината, а братучетката Тени Узеир си ја вработил исто така во Општината Шуто Оризари. Братучедот на Курто, Ибраим Ибче Сакип удобно се сместил во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Сопругата на неговиот прв братучед Енис Сакип и братучетка на Фата Османовска, Лалифа Демир, стана советничка во Општината Шуто Оризари.

Ова е само дел од вработувањата на блиски роднини на функционери од власта, а се очекува Антикорупциска комисија да покрене постапка.

Деталниот приказ, погледнете го на ЛИДЕР

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.