Куртоа доби конкуренција – Беговиќ пристигна на Стемфорд Бриџ

Неколку седмици голманот Асмир Беговиќ беше поврзуван со Челзи, но траснферот се официјализираше дури денеска.

Тој потпиша четиригодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“ и најави дека не се чувствува како замена за Петр Чех, кој замина во Арсенал.

„Среќен сум што потпишав за Челзи, ова е нов голем чекор во мојата кариера. Дојдов во еден од најголемите англиски клубови. Не се чувствувам како замена за Петр Чех. Јас сум Асмир Беговиќ и сакам да оставам свој белег на „Стемфорд бриџ“. Ќе дадам се од себе во наредниот период“, изјави Беговиќ.

Стоук за трансферот на Асмир Беговиќ од Челзи доби отштета од 8 милиони фунти.