Kурвање

Политичкиве збиднувања ги одбегнувам во широк лак. Од самиот почеток на мојата тв кариера како водител, кога на тема беа дневно-политички теми говорев едно те исто – целата игранка е да ни го сменат името. И го сменија. Она што не го знаев, бидеејќи одбивам со аверзија да бидам како моите џандарско – удбашки рекетоновинари кои се правеа паметни, а се промашија, е дека не добивме компир, туку кромид кој се уште го љуштимеи плачеме.

Од првите интерјвуа кои ги имав на почетокот на 21. век со Бучковски, а подоцна и со цела палета на разни ликови, сите беа со полна уста дека „земјава“ нема да се распродава. Aрно ама, јас не знаев дека сите имаат свои експозитури во ран-лај (run & lie) компанијата. Згора, кога во ова време анаЛитичари и знаменосци на новинарстовто се Дебилитико, Дроци и уште една плејада на нискоморални личности со патолошки потврдени дијагнози. Не, тенкју енд фак ју… ќе останам јас глуп само да не сум близу нив. Ќе рече некој целта ги оправдува средствата… но, дајте бе очајот на севкупниот молк на повеќемината ја покажува нашата беда!

Никогаш не верувам дека еден човек е способен да распродаде се’, но верувам во „мрсни“ игранки чии конци ги влече некој друг. Да, секогаш има корисни будали кои си имаат свои лични агенди кои не смеат да ги изустат и се спремни да истрпат се, само да ја постигнат целта. Матни се тие и замаглени крајни цели иако делуваат бистро – најверојатно гол опстанок, спас на црквата бидејќи се’ друго е „нејкед болс“.

Но, може ли да поставам пар прашања или обзервации?

Ако Бранко Црвенковски е историја – што е Владо Бучковски? Се јави Бранко – воскресна Гаргамел, мене ми смрди на факин намештаљка.

Каде е сојузот на борците? …знаете во судската пракса, молчењето е одобрување.

МАНУ?

Дисјапората дали има протестно писмо до владите каде се на престој, ем живеачка? Дали имаа еден транспарент пред некоја бугарска амбасада?

Реагирала АРМ!?!? Кој? Пендаровски е врховен командат, Рада министер за дифенс. Кој реагирал од АРМ? Има ли еден војник генерал со име? Не фала, дупите проста маса.

Од друга страна главниот фокус, пак, е на опозицијата. Кога искача на протести – зошто искача, кога не искача – зошто не? Кога е протестот по пладне – не е во ред граѓаните иделе дома уморни од работа, кога е напладне – не чинело оти се кочела работата, за викенд ако е не требало, одмор било, кога е во друг град – оти не во Скопје, кога е во Скопје е оти не во други градови. Опозицијата го блокира Собранието – срамота, кога се направи тепачака во него 2012 или 13-та, кој да памти, беше за 50 милона плус во буџетот – тоа било демократски, а задолжувањата денес се спектакуларни!

„Ама народот уплашен!“ – е па Океј, разбирливо сите сме на само една плата од потполн личен банкрот, до толку сме „срозани“. Нема сиромашен, а горделив, но ние изгледа сме плутократија. Уплашените имаат право да се уплашени, да седат дома, да си прежуваат како знаат и умеат и немаат морално право било што да бараат ни од позиција ни од опозиција, Океј? Секако, социјалните мрежи се за лечење фрустрации, ништо друго. Ако оставате други да се борат, опозиција или власт, барем затнете се, небитни сте, за жал. Оставете на доволно лудите и храбрите да го прават она што намислиле, барем се осмелиле, за лошо или добро.

Ова веќе не е ни комедија ни трагикомедија, ова е цртан филм и тоа оној за најмали деца, само во најбезобразен контекст. Додека Гаргамел на метла лета на бизнис зделка во Софија, ние сме штрумфети… ти дам, ти дам, ти дам, ти дам… Ц, ц , ц, ги дупевте Бугарите за две чрвени – ние за ич пари се искурвавме, и сега што?

Автор: Јанко Илковски за НетПрес