Кутињо во Барса за 150 милиони евра

610

Иако Ливерпул ја одби ланскиот август понудата на Барселона од 130 милиони евра за 25-годишниот бразилски фудбалер Филипе Кутињо, судејќи според сѐ, овој трансфер ќе биде остварен во зимскиот преоден рок, со зајакнување на понудата.

Дневниот спортски весник Sport кој излегува во Барселона во вторникот на своето интернет издание објави дека Кутињо во редовите на „блауграна“ практични е решена работа, и дека вредноста на трансферот ќе изнесува 150 милиони долари.

Ливерпул во 2013 година на милански Интер за Бразилецот плати само 10 милиони евра.

Во прилог на тоа дека преминувањето на Кутињо во Барселона е договорено, се истакнува и гафот на производителот на спортска опрема „Nike“ кој минатиот викенд на својата официјална интерен страница објави продажба на дрес на Барселона и на Кутињо.

Покрај тоа, Кутињо не беше во првиот тим на Ливерпул во понеделникот во првенствениот дуел на гости кај Барнли, а веројатно ќе биде изоставен од тимот и во петок на мечот во рамките на англискиот ФА Куп против градскиот ривал Евертон.

Официјалната верзија гласи дека станува збор за повреда на мускулот, но познавачите на состојбите во клубот за островските медиуми велат дека управата не сака да ризикува со можна потешка повреда којашто би го загрозила скапиот трансфер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.