Кувајт го запре извозот на нафта во САД

© AP Photo / Gregory Bull

Кувајт првпат по 25 години речиси целосно го прекина извозот на сурова нафта во САД, покажуваат статитистичките податоци на американското министерство за енергетика.

Минатиот месец, кога САД не купувале нафта од овој блоскоисточен емират, дојдено е до нивото од 1992 година кога кувајтската нафтена индустрија беше во криза поради ирачката окупација и воената операција „Пустинска бура“, со која беа протерани ирачките сили.

Според податоците на агенцијата Bloomberg, Кувајт се преориентирал од САД на поатрактивниот пазар во Азија, кој апсорбира до 80 отсто од кувајтскиот извоз на нафта. На споменатиот пазар се отвораат нови множности поради подготовките за справување со вратените американски санкции на извозот на нафта од Иран коишто стапуваат на сила на 4-ти ноември.

Со кувајтската нафта, којашто е со висок квалитет, на азиските пазари се тргува по 80 долари за барел. Претходно САД имаа значајна важност за Кувајт, помагајќи во диверзифицирањето на набавките. Врвот на кувајтскиот извоз на американскиот пазар беше во периодот меѓу 2012 и 2014 година, потсетува агенцијата.

Местото на Кувајт од неодамна го зазема Саудиска Арабија, којашто во септември испорачувала во САД повеќе од милион барели дневно, како и Ирак со над 400.000 барели.