Квалификации ЕУРО: Шкотска со пресврт победи кај Норвешка

Фудбалерите на Норвешка беа на сигурен пат да ја остварат првата победа во квалификациите од Групата А за пласман на Европското првенство во 2024 година, откако имаа водство до 87 минута, но на крајот Шкотска славеше со 2:1.

Од почетокот на мечот Норвешка беше подобра, но домашните фудбалери многу тешко доаѓааа до вистински шанси за погодок против Шкотска која во воведните два натпревара во овој квалификациски циклус не прими ниеден гол. Цврстите Шкоти одлично го затворија Ерлин Халанд, но и компентниот среден ред на Норвежаните, па така шицот на Манчестер Сити беше далеку од топката во текот на целиот дуел.

Сепак, Норвешка поведе во 61 минута по досудениот пенал, а токму Халанд го реализираше за 1:0. Ова беше негов 22-ри погодок во 24-те натпревари за репрезентацијата. Халанд пооа во 85 минута беше повлечен од игра по што тргна пресвртот.

Во последната делница од мечот Шкотите ја променија формацијата што му зададе маки на домашниот тим, па во 87 минута норвешката одбрана лошо реагираше а тоа го искористи Линдон Дајкс кој ја втурна топката во мрежата, Две минути подоцна шкотиските напаѓачи одлично комбинираа пред норвешкиот гол, а тоа го круниса со прецизен удар Кени Меклин.

За Шкотите ова беше трет натпревар во групата и трета победа, додека Норвежаните имаат реми и два пораза.

Тврд натпревар се одигра во Подгорица, во рамките на Групата Г, во која Црна Гора и Унгарија одиграа без голови. Се доби впечаток дека гостите беа поконкретни во нападите, кога одеа кон противничкиот гол главно ориентирајќи се да не биде загрозен нивниот.

И Унгарија и Црна Гора моментално имаат четири бодови, два помалку од Србија која води во групата.

Во Групата Ф, пак, Азербејџан и Естонија во Баку одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 27 минута преку РАун Сапиенен, а домашните откако израмнија во 62 минута со голот на Антон Крјивотсјук имаа уште две одлични шанси, едната од слободен удар ја одбрани голманот Хеин а втората заврши во статовата, да направат целосен пресврт.

За двете селекции ова беше првиот освоен бод во овој квалификациски циклус.