Квалификации Лига на шампионите, солидна предност за Ференцварош и Црвена ѕведа

Резултати од првите натпревари од второто претколо од Лигата на шампионите.

Ференцварош Будимпешта – Ла Валета 3:1. Стрелци за домашните беа Бонело во 19 минута автогол. Ласафаме во 36 минута од пенал и во 59, а за гостите Месиас во 85 минута.

Романски Клуж на домашен терен го совлада Макаби од Тел Авив со голот на Окрани во 22 минута.

Словенечкиот претставник Марибор со головите на Краневетер во 6 и Ивкович во 38 минута, беше подобар од АИЛ Стокхолм за кој погоди Гоитом во 28 минута.

Селтик со 5:0 го декласираше естонскиот тим Номе Каљу кој ја елиминираше тетовска Шкендија. Стрелци за шкотскиот тим беа Ајер во 37 Кристи во 44 од пенал и во 64 минута, Грифинс во третата минута од судиското продолжение и Мекрегрор во 77 минута.

Ирскиот претставник Дундалк и азарбејџански Карабаг ремизираа со по еден постигнат погодок. Гостите повеода преку Емрели во 4 минута а честа на домашните ја одбрани Хобен во 78 минута.

Црвена ѕвезда во финишот успеа да ја постигна заслжената но сигурна предност пред реваншот кај ХЈК Хелсинки. Белграѓани поведоа со погодокот на Ричмонд Боачи во 27 минута, а конечните 2:0 ги постигна Милан Павков во 90 минута.