Квалификации СП 2022: Белгија и Франција одат во Катар

Фудбалските селекции на Белгија и Францијка обезбедија пласман на Светскот првенство кое следната 2022 година ќе се игра во Катар, придружувајќи им се на Бразил, Германија и Данска, додека Холандија засега ја пропушти големата можноста уште во саботата да се квалификува за мундијалот.

Холандија можеше да си го обезбеди патувањето во Катар со победата над Црна Гора, а се чинеше дека во тоа и ќе успее бидејќи со головите на Мемфис Депај од пенал во 25 и во 54 минута водеше со 2:0 до 82 минута и го контролираше мечот. Тогаш Илија Вукотиќ намали, а само четири минуту подоцна Никола Вујновиќ израмни Црногорците така направија големо изненадување и покрај слабата игра, а „Лалињата“ и натаму се први, но со евентуален пораз во дуелот со Норвешка дома можат да остана и без второто место и место во доигрувањето.

Норвешка, исто така, направи голем кикс одигрувајќи дома без голови против слабата Латвија и многу ги загрози своите шанси за пласман во Катар. Без својата најголема ѕвезда Халанд, Норвежаните не успеаја да го најдат патот до голот на госсите, иако имаа 71 отсто од поседот на топката и 23 удари кон противничкиот гол.

Киксот на Норвешка оди во полза на Холандија, но и на Турција којашто во Истанбул со 6:0 го совлада Гибралтар и го презема второто место коешто води во баражот.

На табелата во Групата Г води Холандија со 20 бодви, а Норвешка и Турција имаат по 18. Во последното коло Норвешка гостува кај Холандија, а Турција во Подгорица игра против Црна Гора.

Франција го обезбедни билетот за Катар со високата победа од 8:0 дома над Казахстан. Килиан Мбапе постигна четири погодоци, Карим Бензема два во ипресивната победа на актуелните светски прваци.

Фудбалерите на Босна и Херцеговина во Зеница беа поразени од Финска со 1:3 и останаа без никакви шанси за пласман во Катар. Во дуелот кој можеше на коло до крајот на квалификациите да им го донесе второто место во групата, босанците сосема разочараа, а дури два гола примија иако имаа играч повеќе.

Во Групата Д води Франција со 15 бодови, сега Финска е втора со 11 и два повеќе од Украина, додека БиХ е на 7 бодови. Во последното коло во вторник Украина гостува кај БиХ, додека Финска ја пречекува Франција.

Белгијците, исто така, во саботата вечерта ја потврдија визата за Катар, со победата од 3:1 над Естонија во Брисел. Бентеке, Караско и Торген Азар ѝ обезбедија на Белгија пласман на мундијалот и пред завршувањето на квалификациите.

Во оваа Група Е, Велс со домашната победа од 5:1 над Белорусија дојде до второто место со три бода повеќе од третата Чешка.

Во последното коло Велс е домаќин на Белгија а Чешка на Естонија.