Квалификации за ЕП: Франција одвај против Исланд, Англија падна во Чешка

Светскиот фудбалски првак Франција оствари минимална 1:0 (0:0) победа на гостувањето кај Исланд, во средбата од Групата Х од квалификациите за Европскаото првенство.

Единствениот погодок на мечеот меѓу Франција и Исалнд, го постигна Жиру во 66 минута од пенал.

Турција, исто така, одвај на свој терене со 1:0 (0:0) ја совлада Албанија, со голот на Ченк Тосин во последните моменти од регуларниот дел.

И третиот дуел од оваа група игран во петокот заврши со истиот резултат. Андора оствари една од ретките свои победи, против Молдавија, а стрелец беше Марк Валесво 64 минута, откако кај гостите во 55 минута „поцрвене“ Раду Гинсари.

На табелата по седумте кола Франција и Турција имаат по 18 бодови, следи Исланд со 12, Албанија има 9 а Молдавија и Андора по три бода.

Англија го претрпе првиот пораз во квалификациите за големите натпреварувања по точно 10 години, Во средбата од Групата А во Прага Чешка со 2:1 (1:1) беше подобра од „Гордиот Албион“. Англија поведе од пенал кој уште во 5 минута го реализиране Хари Кејн, но по само четири минути израмни Јакуб Врабец. Големата радост на Чесите им ја донесе во 85 минута Зденек Ондрашек.

Во вториот дел од оваа група Црна Гора и Бугарија одиграа без голови.

Англија и Чешка се на врвот од Групата А со по 12 бодови, четири повеќе од Косово, додека Црна Гора и Бугарија се на дното со по три бода.

Португалија и Украина направија нов чекор кон пласман на Европското првенство од Групата Б, благодарејќи на сигурните домашни победи. Украина со 2:0 (1:0) ја надигра Литванија со двата погодока на Руслан Малиновски, во 29 и 58 минута. Португалија, пак, со 3:0 (1:0) имаше полесен тренинг со Лускембург. Стрелци беа Бернардо Силва во 16, Кристијано Роналдо во 65 и Гонзало Гуедеш во 89 минута.

Украина е водечка на табелата со 16 бодови, второпласираната Португалија има 11 бодови и меч помалку. Трета е Србија со седум бодови, додека Лускембург со 3 и Литванија со еден бод немаат никакви шанси за пласман на шампионатот.