Квалификации за ЕУРО: Шкотска сигурна против Кипар

Фудбалерите на Шкотска во првиот натпревар од Групата А од квалификациите за ЕУРО 2024 во саботата го совладаа Кипар со 3:0 (1:0) како домаќини на „Хемпден Парк“ стадионот во Глазгов.

Првиот гол го постигна Џон Мекгин во 21 минута со навремено влегување на втората статива по центаршутот на Робертсон, додека конечниот резултат го постави Скот МекТоминај со погодоците во 87 и во третата минута од судискоот продолжение на натпреварот. Прво Дајкс му ја спушти топката со глава, а потоа со убава асистенција му помогна капитенот Робертсон кој на натпреварот впиша две асистенции за погодок.

Во сабота во Групата А ќе играат уште и Шпанија – Норвешка, додека Грузија е слободна во првото коло.

Пласман на ЕУРО во Германија во 2024 година ќе остварат двете првопласирани репрезентации од групата