Квалификации за СП 2018: Изненадувачка победа на Андора, Франција загуби со гол од половина терен

115

Фудбалската репрезентација на Андора ја забележа втората победа во својата историја, откако синоќа славеше против Унгарија, додека Франција загуби на гостувањето кај Шведска со гол примен од половина терен и тоа во третата минута од судиското дополнение.
По тринаесет години, во 2004 година, од првиот историскиот триумф и тоа над Македонија и 66 одиграни официјални натпревари во низа, фудбалерите на Андора во петокот вечерта ја забележаа втората победа совладувајќи ја Унгарија со 1:0 во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. До оваа победа Андора стаса со голот на Марк Ребес во 26 минута.

А селекцијата на Франција иако на гостувањето кај Шведска водеше со 1:0, сепак со голот кој го примија „триколорите“ од половина терен, а по грешка на голманот Лорис во третата минута од судиското дополнение (90+3), им дозволија на Швеѓаните да се радуваа на победата.

Резултати од синоќешните средби во Мундијалските квалификации:

Група А: Шведска – Франција 2-1, Холандија – Луксембург 5-0 и Белорусија – Бугарија 2-1.

Табела: Шведска 13 бодови, Франција 13, Холандија 10, Бугарија 9, Белорусија 5 и Луксембург 1.

Група Б: Латвија – Португалија 0-3, Фарски Острови – Швајцарија 0-2 и
Андора – Унгарија 1-0.

Табела: Швајцарија 18 бодови, Португалија 15, Унгарија 7, Фарски Острови 5, Андора 4 и Летонија 3.

Група Х: Гибралтар – Кипар 1-2, Естонија – Белгија 0-2 и Босна и Херцеговина – Грција 0-0.

Табела: Белгија 16 бодови, Грција 12, БиХ 11, Кипар 7, Естонија 4 и Гибралтар 0.

Во сабота на програмата се нови девет натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.