
Фудбалската репрезентација на Македонија во март ќе тргне во нов квалификациски циклус за Европското првенство кое во 2024 ќе се одржи во Германија.
Веќе е познат и целосниот распоред на натпревари за десетте квалификациски кола. Првиот натпревар е закажан за 23 март, на домашен терен со Малта.
Потоа Македонија е слободна, па следат гостински меч со Англија и домашен со Италија. Во шестото и седмото коло се гостува на Малта и Украина, во осмото момците на Милевски се слободни.
Најтешки ќе бидат завршните две рунди бидејќи во три дена се гостува на Италијанците и потоа ќе се игра дома со „Гордиот Албион“.
- Распоред на Македонија во квалификациите за ЕП:
1 коло: Македонија – Малта (23 март)
2 коло: Македонија е слободна
3 коло: Македонија – Украина (16 јуни)
4 коло: Англија – Македонија (19 јуни)
5 коло: Македонија – Италија (9 септември)
6 коло: Малта – Македонија (12 септември)
7 коло: Украина – Македонија (14 октомври)
8 коло: Македонија е слободна
9 коло: Италија – Македонија (17 ноември)
10 коло: Македонија – Англија (20 ноември)