Лајчак и Ескобар в петок во Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалог, Миролсав Лајчак, во петок, на 20 јануари, ќе ги посети Приштина и Белград, потврди денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Лајчак ќе предводи поширока делегација во која ќе бидат и американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, советници на германскиот канцелар, Олаф Шолц и францускиот претседател, Емануле Макрон и еден советник на италијанската премиерка, Џорџа Мелони

Ова е првпат италијански дипломат да биде дел од тимот во посета на регионот со цел напредок во дијалогот меѓу Србија и Косово.

„Ова е дел од нивните тековни напори за унапредување на дијалогот што го помага ЕУ. Специјалниот претставник Лајчак ќе се сретне со косовскиот премие Курти овој петок, а потоа ќе се сретне со претседателот на Србија, Вучиќ во Белград за да разговараат за следните чекори за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“,

изјави Петер Стано за новинарите, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.
Се подготвува терен за нова рунда преговори: Лајчак и Ескобар доаѓаат во Белград и Приштина?

Целта на посетата, според европски извори, е подготовка за одржување на следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел.

Засега нема потврда кога би можела повторно да се одржи нова рунда лидерски разговори.

Српскиот претседател Александра Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти последен пат се сретнаа во Брисел на 21 ноември, минатата годин. Средбата беше оценета за неуспешна, а одговорноста за неа шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја префрли на шефот на косовската влада.

Претставниците на Европската Унија редовно велат дека се подготвени да свикаат состанок во секое време кога за тоа се подготвени српскиот претседател и косовскиот премиер.

Тие се уште не се откажуваат од намерата да организираат ваква средба до крајот на јануари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.