Лајчак во посета на Косово

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Косово. Како што беше соопштено од Владата на Косово, Лајчак попладне ќе биде примен од премиерот на Косово, Авдулах Хоти. Во минатата недела, косовскиот претседател Хашим Тачи се состана со Лајчак во Брисел. Лајчак вчера ги информираше шефовите на дипломатиите на Унијата за развојот на дијалогот и тие му дадоа целосна поддршка за продолжување на медијацијата во преговорите меѓу двете страни.

Министрите ја истакнаа решеноста на ЕУ да го заврши успешно дијалогот и побараа од Белград и Приштина да преговараат „со добра волја и дух на компромис“. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека Унијата не пропишува ништо „како решение за конфликтот Белград-Приштина“, но какво и да е, тоа е неопходен услов за напредок кон членство во Унијата. Борел, нагласувајќи дека „успехот на овој дијалог е клучен за стабилноста на регионот и на самата Европска унија“.