Лајен ја предупреди Италија: ЕУ позајми пари од своите деца за вие да закрепнете

Европската Унија првпат позајмува пари од своите деца, а позајмицата не ја земаме за денеска да потрошиме повеќе, туку за да инвестираме во проекти кои ќе им користат на идните генерации, и` порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Италија, со повик за одговорност кон трошењето на средствата кои ЕУ ги издвои за закрепнување на земјите по епидемијата на Ковид-19.

Според пишувањата на германските весници, кои го пренесуваат италијанскиот дневен весник „Линкест“, оваа порака на претседателката на ЕК, упатена на Италија на тродневниот собир во Рим, каде што се разговарало за обнова на земјата по пандемијата на Ковид-19, е предупредување дека нема да се толерира доцнење, недостиг на реформи и неизвесност во поглед на трошењето на 173 милијарди евра, колку што ЕУ и` одобри на Италија за економско опоравување.

Лајен исто така ја нагласила неопходноста од реформи на бирократксиот апарат, вработување на младите и жените и мерките против организиран криминал, како клучни точки од програмата за закрепнување, која ЕУ ја очекува од Италија.

Нашата славна итрина, нашата способност големите ветувања секогаш да се одложат за датумот кој допрва ќе биде одреден, нема да биде доволна за ЕУ да остане добронамерна кога ќе дојде време да одлучи дали ќе ви верува или не, заклучува весникот „Линкест“.