„Лајфтајм“ најавyва трет игран филм за принцот Хари и Меган Маркл

По „сочното“ интервју на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри, продукциската куќа „Лајфтајм“ го најави и својот трет игран филм за нивната романса.

По „Кралска романса“ (2018) и „Во кралските кругови“ (2019), сега следи и „Хари и Меган: Бегство од палатата“ („Harry & Meghan: Escaping the Palace“). Сите три филма се во телевизиски формат.

Третпат по ред режисер ќе биде Менхаџ Худа, а сценариото е на Скарлет Лејси. Филмот, меѓу другото, ќе ги истражува односите на Хари со принцот Вилијам, со принцот Чарлс, оние меѓу Меган и војвотката Кетрин Мидлтон итн.

Претходните два дела беа критикувани, од познавачи и оние кои го следат животот на британското кралско семејство, дека содржат одредени невистини како биографски филмови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.