Соопштение од ЈП „Лајка“:
Во нашето прифатилиште има 15 питбули кои бараат дом и интересот за нивно вдомување е многу мал.
Некои од нив се многу долго со нас, па затоа со помош на Александра @Nallathepittie и Војче @Petfoto.makdenoija одлучивме да ја започнеме оваа кампања за сузбивање на предрасудите кон овие кучиња и конечно сите да го најдат својот дом и сопственик.
Александра со години работи на тоа да ја подигне свеста во Македонија за оваа раса и докажува дека овие кучиња се одлични домашни миленици кои се премногу лојални, привразни со семејствата, особено со децата.
Војче од Петфото Македонија кој е првото фотостудио во нашата држава за фотографирање миленици и прави прекрасни портрети исто така се приклучи на оваа камања и направи прекрасни портрети од питбулите од нашето прифатилиште со аксесоарите изработени од Александра.
Оваа соработка даде одлични резултати, успеавме да ја доловиме нивната убавина, нежна и добра страна и со нетрпение очекуваме да ги претставиме во јавноста.
Целта на оваа кампања е да ја покренемe свеста за овие раси, кои поради луѓето кои ги злоупотребуваат се здобиле со лоша репутација и се надеваме дека ќе поттикнеме повеќе луѓе да ги вдомат и чуваат соодветно, како што заслужуваат.
Нивниот „страшен” изглед, не ги прави страшни и лоши кучиња, напротив тие можат да бидат прекрасни миленици и најдобри пријатели.
Линк до видео 1:
https://www.instagram.com/
Линк до видео 2:
https://www.instagram.com/