ЛА Клиперс го совлада шампионот

Шампионот Голден Стејт ја започна новата сезона во НБА со тежок пораз на домашен терен кај Лос Анџелес Клиперс со 122:141. Гостите го презедоа водството на почетокот на натпреварот и продолжија да доминираат до крајот за да го забележат својот втор успех во кампањата.

Лу Вилијамс заврши со 22 поени и 8 асистенции, а Каваи Леонард придонесе со 21 поен и 9 асистенции за успехот.

Стеф Кари беше најпрецизен кај шампионите со 23 поени,додека Д’Анџело Расел додаде 20 поени и 8 асистенции, но тоа не беше доволно.

Резултати од НБА:

Детроит – Атланта – 100: 117
Хјустон – Милвоки – 111: 117
Голден Стејт – ЛА Клиперс – 122: 141