ЛА Лејкерс по 19 минус го надиграа Хјустон, Кливленд подобар од Феникс

Синоќа во НБА лига беа одиграни првите наптревари по Ол-стар викендов, кои ги одбележа дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокитс во кој „езерџиите“ дома успеја да надоместат 19 поени разлика и да дојдат до победата.

Големата разлика Лос Анџелес Лејкерс успеаја да ја надоместат во третата четвртина од дуелот и на крајот да слават над Хјустон Рокитс со 111:106. Леброн Џејмс за победата на Лејкер постигна 29 поени со 11 скокови, а Брендон Инргам постигна 27 коша со 13 скокови. Кај Хјустон повторни беше Џејмс Харден кој во 32-от натпревар по ред постигна над 30 поени, а го следеше Крис Пол со 23 коша.

Кливленд Кавалир на домашен паркет со 111:98 ги победија Феникс Санс. Ова беше 16-ти последователен пораз на Санс, кои ги предводече Девин Букер со 30 коша. Охриѓанецот Џеди Осман беше најдобар во редовите на победничката екипа со 19 коша, а Кевин Лав додаде 16 кошеви и 11 скокови.

Милвоки Бакс, исто така, пред своите навивачи со 98:97 беа подобри од Бостон Селтикс, а до победата ги предводеше Јанис Антетококунмпо кој мечот го заврши со 30 поени и 13 скокови. Крис Мидлтон додаде 15 кошеви за Бакс, постигнувајќи ја и решавачката „тројка“ на 32,3 секунди до крајот. Кајри Ирвинг беше најдобар кај Селтикс со 22 коша.

Голден Стејт Вориорс со 125:123 ги надиграа Сакраменто Кинг, а Стефен Кари постигна дури 10 „тројки“ за вкупно 36 негови поени. Кевин Дјурент додаде 28 коша а оствари и 7 блокади.

Филаделфија 76ерс на свој терен со 106:102 ги победија Мајами Хитск, а Портланд Трејл Блејзерс со 113:99 беа подобрди од Бруклин Нетс.