Ла Лига: Атлетико убедлив против Ваљадолид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа на гости во 15. коло од шпанската Ла Лига, беа подобри од Ваљадолид со 5:0.

Неизвесноста на овој натпревар исчезн веќе во првото полувреме, откако Атлетико поведе со 3:0. Стрелци беа Ленглет во 26. минута, а по него аргентинските фудбалери Алварез во 35. минута и Де Пол во 37. минута.

На почетокот на вториот дел Гризман ја погоди мрежата на последниот тим на табелата, додека конечните 5:0 за гостите ги постави Норвежанецот Сорлот во 92. минута.

Атлетико скокна на второто место на табелата и заостанува само два бода зад лидерот Барселона. Реал е трет и два бода зад Атлетико, но има два натпревари помалку од водечкиот двоец.

Фудбалерите на Еспањол оваа сабота ја постигнаа четвртата сезонска победа во шпанската Ла Лига, бидејќи како домаќини во 15. коло ја совладаа Селта со 3:1.

Еспањол на крајот на првото и на почетокот на второто полувреме го совлада противникот од Виго. Во 40. минута погоди за 1:0 Кардона, додека во 53. Кабрера зголеми на 2:0. Селта извесен период се врати во мечот со погодокот на Иаго Аспас од пенал во 83. минута, но надежите на гостите кратко траеја.Веќе во 87. Чедира погоди за 3:1 и конечно славје на домашните.

И покрај победата, Еспањол напредуваше на табелата за само едно место и моментално е на 18-та позиција, додека Селта остана единаесетта.

Немаше победник на дуелот меѓу Алавес и Леганес кои одиграа 1:1. Двата гола беа постигнати во вториот дел, а гостите можат да жалат за преостанатите два бода бидејќи водеа до 87. минута. Леганес поведе со голот на Оскар Родригез во 67. минута, додека Карлос Висенте израмни во 87. минута. Алавес само вторпат сезонава ремизираше во првенството.

Трет лигашки натпревар по ред фудбалерите на Барселона останаа без победа, во 15. коло од Ла Лига, Лас Палмас го шокираше водечкиот тим на табелата и победи со 2:1 на гостински терен.

Барселона на тој начин остана со четири бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид, кој има два натпревара помалку. Лас Палмас се искачи на 14. место на табелата. Пред овој пораз Барселона беше поразена кај Реал Сосиедад и ремизираше во Виго против Селта.

Во првото полувреме немаше голови, а најблиску до гол домашните беа кога Рафиња ја погоди гредата. Во продолжението Барселона постојано притискаше, но секогаш кога гостите тргнуваа во напад, тоа беше опасност за домаќините.

Лас Палмас поведе во 49. минута кога Сандро Рамирез многу прецизно погои откосо. Барселона израмни со голот на Рафиња во 61. минута, кога погоди од 18 метри, но само шест минути подоцна Барселона повторно се најде во негатива. Контрата и голот на Фабио Силва доведе до 2:1 за Лас Палмас.

До крајот Барселона напаѓаше и се закануваше, но не успеа да дојде до ниту еден бод пред своите навивачи.

Во недела за бодови ќе се борат Виљареал – Жирона, Реал Мадрид – Хетафе, Рајо Ваљекано – Атлетик и Реал Сосиедад – Бетис. Во понеделник последниот натпревар од колото ќе го одиграат Севиља – Осасуна.