Лa Лига: Нов дебакл на Барса, Реал и Атлетико одат кон врвот

Фудбалерите на Алавес првпат по 15 години на свој терен успеаја да избегнат пораз од Барселона, одигривајќи 1:1 во последниот саботен дуел од осмото коло на шпанското првенство.

Барселона допатува охрабрена од добрата игра и понедата во Лигата на шампионите кај Јувентус а и почетокот на дуелот кај Алавес навестуваше дека Каталонците можеби ја надминале играчката и резултатска криза. Сепак во 31 минура домашни дојдоа во водство преку Луис Риоха. На голот му претходеше комична реакција на гостинскиот голман Нето кој се сплетка топката меѓу своите нозе, Риоха му ја одзема и ја погоди празната мрежа. Домашните во 62 минута останаа со играч помалку откако втор жолт картон доби Жота кој имаше втор невнимателен старт врз противнички играч. И само десет секунди по неговото исклучување Антоан Гризман го постигна својот прв лигашки гол сезонава за Барса откако го префрли домашниот голман Пачеко, кој дотогаш а и по примениот погодок беше несовладлив и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

Барселона имаше дури 25 удари кон противничкиот гол, од кои девет беа во рамките, а од нив осум пати ги одбија домашните играчи, еднаш и од самата гол линија во првото полувреме по слободниот удар на Лионел Меси од дваесетина метри. Домашните од четири шута успеаја да постигнат еден гол.

Со тоа Барселона и четврти натпревар во низа не успеа да оствари победа, што не ѝ се случило во Ла Лига од септември 2018 година кога трипати ремизираше и еднаш загуби, додека сега под водство на Роланд Куман во последните четири кола освоија само два бода.

Барселона од шест натпревари досега освои 8 бодови и е моментално на 12-то место на табелата, со осум бодови заостанување зад Реал. Алавес има исто така 8 бодови но од осум натпревари и е место зад Барса.

И додека во Лигата на шампионите бележат како никогаш досега слаби резултати, фидбалерите на Реал Мадрид сепак во домашното првенство се одржуваат во самиот врв на табелата, откако во саботата на свој терен ја совладаа Уеска со 4:1.

Реал поведе во 40 минута со убавиот погодок на Еден Азар од речиси 25 метри. Белгискиот напаѓач кој закрепне од повредената, конечно заигра од првата минута, а ова е само негов втор погодок за „кралскиот клуб“ откако стаса минатото лето. Водството го удвои Карим Бензема во 45 минута по нафрлувањето на Лукас Васкез на втората статива. Третиот гол за Реал го постигна Федерико Влверде во 54 минута по асистенцијата на Бензема, а својот втор погодок на мечот францускиот напаѓач го потигна во 90 минута. Почесниот погодок за Уеска го постигна Давид Фереиро во 74 минута.

Реал Мадрид сега е на врвот на Ла Лига со 16 бодови од седум натпревари во осумте кола, два повеќе од Реал Сосиедад кој во недела ѝ гостува на Селта во Виго и исто толку пред Кадиз кој во петокот вечерта во првиот меч од осмото коло на гости со 2:0 го совлада Еубар. Уеска, пак, и натаму нема победа во првенството но со пет бодови од петте ремија барем до недела ќе биде на 18-то место.

Атлетикот Мадрид впиша гостинска победа кај Осасуна со 3:1. Гостите во водство дојдоа до 43 минтуа од пенал кој го реализираше португалскиот репрезентативец Жоао Феликс. Исто играч во 48 минута можеше да го зголеми водството повторно од белата точка, но ја погоди стативата, но се извади во 69 минута кога со удар од 16 метри ја зголеми предноста на „Јорганџиите“. Во 80 минута домашните намалија преку резервистот Анте Будимир кој со глава го совлада Јан Облак. Но надежите на Осасуна ги потопи Уругваецот Лукас Тореира во 88 минута, само три минути откако го замени двојниот стрелец Феликс.

Атлетико Мадрид од шест кола собра 14 бодови со кои е на третото место, а Осасуна остана деветта со 10 бодови.

Фудбалерите на Севилја, кои сезоната ја зпочнаа со две воведни победи, четврти натпревар со ред не успеваат да победт во шпанското првенство, а во саботата со 1:2 беа поразени на гостувањето кај Атлетик Билбао.

А почетокот беше ветувачки за Севилја кога веќе во 9 минута погоди Јусеф ен-Несири по додавањето од Лукас Окампос. Но откако во 68 минута од игра беше повлечен Иван Ракитиќ, гостинските играчи како да ја загубија сигурноста, и веќе во 76 минута по изведениот корнер за Баските израмни Икер Муниаин, а Оихан Сансец во 86 минута му ја донесе победата на Атлетик.

Атлетик Билбао сега има 9 бодови со кои е на 11-то место, а Севилја со 7 бодови е на 14-то место.

Во недела игаат Бетис – Елче (14 часот), Селта Виго – Реал Сосиедад (16), Гранада – Леванте (18,30) и Валенсија – Хетафе (21 часот). Колото завршува во понеделник со дуелот Вилјареал – Вајадолид во 21 часот.