Ла Лига: Реал преку Кадиз го намали водството на Барса

Во последниот натпревар од 14-то коло од шпанското фудбалско првенство, шампионот Реал во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Кадиз со 2:1.

Германскиот интернационалец Тони Крос беше првото име на мечот, откако во 40 минута му асистираше на Еден Милитау за водство на „Кралевите“, а во 70 минута одлични шутираше од 20-ина метри за удвојување на водството. Девет минути подоцна мечот можеше да биде решен, но Лика Модриќ од само три метра ги промаши голот.

Набрзо, во 82 минута, стаса казната кога на 1:2 намали Лукас Перез. Кадиз можеше да дојде и до бод, но Еспињо во судиското продолжение од непосредна близина со глава го префрли домашниот гол.

Со оваа победа Реал, сега со 35 бодови, го намали заостанувањето зад водечката Барселона на два бода, а Кадиз остана претпоследен 19-ти со 11 бодови, бод помалку од зоната на опстанок.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не беше совладан, но и неговите соиграчи не постигнаа погодок на домашниот натпревар (0:0) на Рајо Ваљекано против Селта Виго.

Рајо моментално е осми на табелата со 22 бодови, два помалку од последната – шеста позиција на табелата која води во европските натпреварувања. Селта е 17-та со 12 бодови, само бод од зоната на испаѓање.

Валенсија на домашен терен успеа да го скрши Реал Бетис откако гостите во 61 минута останаа без исклучениот Едгар Гонзалез. Стрелци за домашните беа Андре Алмеида во 63, Уго Гујамон во 81 од пенал и Џастин Клајверт во третата минута од судиското продолжение.

Бетис остана шести со 24 бодови, колку што имаат и пред него пласираните Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, а два помалку од четврто пласираниот Реал Сосиедад. Валенсија сега е десетта на табелата со 19 бодови.