Ла Лига забрани трансфер на Мукоко во Барселона

Раководството на шпанската Ла Лига ѝ забрани на Барселона да потпише договор со младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко, објави познатиот шпански новинар Жерард Ромеро.

Мукоко неколку месеци беше на радарот на Барселона, која пред да почне преговори со 18-годишниот фудбалер и Борусија Дортмунд побара дозвола од Л Лига да купи нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Меѓутоа каталонскиот клуб доби негативен одговор со образложение дека со тој трансфер Барселона би го прекршила финансискиот ферплеј.

Поради тоа раководството на Барселона одлучило овој трансфер да го пролонгираат за летниот преоден рок, бидејќи Мукоко има договор со Борусија до јуни 2023 година.