Лајпциг го искористи поразот на Баерн

47

Фудбалерите на РБ Лајпциг на гостувањето со 3:0 ја победија берлинска Херта во средбата од 22-то коло на Бундеслига, намалувајќи го заостанувајќи зад водечкиот Баерн на два бода помалку.

Гостите поведоа во 28 минута со голот на Марсел Забитцер, на 2:0 зголеи Норди Мукиеле во 71, а приказната ја затвори Вили Орбан во 84 минута.

Лајпциг го искористи поразот на Баерн во Франкфурт и сега има 47 бодови а Баварците имаат 49 бодови, а третиот и четвртиот Волфсбург и Ајнтрајт имаат по 42 бодови.

Херта е 15-та со 18 бодови, колку што има Арминија којашто е 16-та на местото кое води во доигрување за опстанок, а бод повеќе од претпоследниот Мајнц, додека последниот Шалке има само девет бодови.

 

Во првиот неделен меч Агсбург и Баер Леверкузен одиграа 1:1, во меч во кој „Аптекарите“ спасија бод во последните секунди од мечот. Домашните поведоа уште во 5 минута преку Флориан Нидерлехнер, а во четвртата минута од судиското продолжение израмни Едмонд Тапсоба.

Баер Леверкузен остана со 37 бодови на петтото место, кое води во Лига Европа, бод повеќе од шестата Борусија Дортмунд. Аугсбург, исто така, остана 13-ти со 23 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

 

Во последниот меч од колото Хофенхајм на својот терен со 4:0 го совлада Вердер. Стрелци за домашните беа Ихлас Бебу во 26, Кростоф Баумгатнер во 44, Мунас Дабур во 40 и Георгињио Рутер во 90 минута.

Со првата победа во последните четири кола Хофенхајм сега е на 11-то место со 26 бодови, три повеќе од Вердер кој е следен на табелата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.