Лајпциг го потопи Мајнц, Келн се спаси во финишот

65

Во последниот натпревар од 27-то коло на германското фудбалско првенство, Келн и Фортуна одиграа 2:2, откако домашниот тим во последните пет минути постигна два погодока и ја спречи третата гостинска победа во неделната програма.

Фортуна до 88 минута имаше ситугрно водство и беше на чекор до првата победа во Келн по 1989 година, но ја испушти можноста.

Гостите поведоа во 41 минута со голот на Кенан Караман на асистенција на Стевен Скржибски. Келн можеше да израмни во 58 минтуа, но Марк Ут не реализираше пенал, а неговиот удар го одбрани Флориан Кастенмаер. Само три минути подоцна Ерик Томи на уште една асистенција на Скржибски го удвои водството и гостите од Диселдорф ги донесе пред освојување на важни три бода во одбрана на прволигашкиот статус. Но Келн во лудиот финиш успеа да израмни. Прво намали во 88 минута Ентони Модесте, три минути подоцна израмни Џон Кордоба, а при двата погодока асистираше Доминик Дрекслер.

Фортуна сега е 16-та со 24 бодови, три помалку од 15-от Мајнц ког засега е на безбедна позиција, а има три бода пред претпоследниот 17-ти Вердер кој има и меч помалку. Келн е 10-ти со 34 бодови.

Преходно во неделата РБ Лајпциг оствари висока гостинска победа од 5:0 над Мајнц. Ѕвезда на мечот беше тројниот стрелец Тимо Вернер кој погодоците ги постинга во 11, 48 и 75 минута. Вернер стаса до бројката од 24 погодоци сезонава во Бундеслигата, а повеќе од него има постигнато само полскиот напаѓач на минхенски Баерн, Роберт Левандовски со 27 голови.

Одличен натпревар одигра и Јусуф Поулсен кој постигна гол во 23 минута и впиша две асистенции. Меѓу стрелците се впиша и Марсел Збицер во 36 минута.

РБ Лајпциг со оваа победа се врати на третото место на табелата со 54 бодови, три помалку од второпласираната Борусија Дортмунд, додека водечкиот Баерн Минхен има 61 бод. Четврта е Борусија Менхенгладбах со 52 бодови.

И во првиот неделен меч славеа гостите. Аугсбург со 3:0 во Гелзенкирхен го порази Шалке. Со триумфот на „Ауф Шалке Арена“, гостите ја прекинаа серијата од шест натпревари без победа во германското првенство, додека продолжи агонијата на домашните, кои веќе деветти првенствен меч не знаат за победа.

Аугсбург поведе уште во 6 минута со одличниот погодок на Едуард Ловен, од слободен удар од повеќе од 25 метри. Во завршницата на дуелот напаѓачите на гостите ги искористија грешките во одбраната на Шалек, па во 76 минита 23-годишниот Ноа-Жоел Сренрен-Базе го постигна својот прв погодок во Бундеслигата, а во првата минута од судиското продолжение Венецуелецот Серхио Кордоба ги постави конечните 3:0.

Аугсбург со вкупно 30 бодови се искачи на 13-то место, додека Шалке со 37 бодови остана на осмата позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.