Лајпциг и Борусија Д исфрлени од германскиот куп

Второпласираниот тим во Бундеслигата, РБ Лајпциг е елиминаран во осминафиналето на германскиот куп, откако во вторникот со 1:3 беше поразен на гостувањето кај Ајнтрахт.

Ајнтрахт во првото полувреме поведе со голот на Андре Силва во 17 минута од пенал, а на 2:0 зголеми на почетокот од второто полувреме Костиќ, а во 68 минута надежите на Лајпциг ги врати донеодамнешниот играч на загрепски Динамо, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој влезе во игра во вториот дел. Иако до крајот на мечот гостите извршија огромен притисок, не успеаја да израмната, туку Костиќ со својот втор погодок од противнапад во петтата минута од судиското продолжение ги постигна конечните 3:1.

Во четвртфиналето се пласираше и Фортуна од Диселдорф која како гостин го совалада Кајзерслаутерн со 5:2, иако ина полувремето имаше негатива од 1:2.

Фудбалерите на Вердер од Бремен направија изненадување откако на свој терен со 3:2 ја победија фаворизираната Борусија од Дортмунд. Вердер во првите 45 минута стаса до предноста прекуи Селке во 16 и Бетенкур во 30 минта, а Борусија во игра ја врати Халанд во 67 минута, но набрзо потоа во 70 минута Рапшица повторно домашните ги доведе во комотна ситуација, а на конечните 3:2 намали Рејна во 78 минута.

Со голем пресврт до четвртфиналето стаса и Шалке кој на свој терен ја надигра Херта со 3:2 по продолеженијата, иако на полувремето гостите од Берлин имаа водство од 2:0. Кепке во 12 и Пјатек во 39 минута ја доведоа Херта во водство, а Калигури во 76, Харит во 82 го одведоа дуелот во продолженија во кои Раман во 115 минута го постигна победничкиот гол за Шалке.

Во среда играат Баер – Штитгарт, Верл – Унион Берлин, Баерн – Хофенхајм и Саарбрикен – Карлсруе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.