Лајпциг убедлив кај Вердер за привремено враќање на врвот

Фудбалерите со Лајпциг со убедливи 3:0 го совладаа бременски Вердер во домашниот натпревар од 22-то коло на германското првенство и привремено се вратија на првото место на Бундеслига.

За РБ Лајпциг стрелци беа Лукас Клостерман во 18, Патрик Шик во 39 и Норди Мукиеле во 46 минута.

Лајпциг ја прекина серијата од три наптревара без победа – две рамија и еден пораз, и го мина Баерн Минхен, кој има два бода помалку, но и меч помалку. Вердер, пак, го претрпе четвртио пораз во низа и е претпоследен 17-ти со 17 бодови, четири помалку од зоната која гарантира опстанок.

Борусија од Менхегналдбах, исто така, беше убедлива на гостувањето кај Фортуна и славеше со 4:1.

Хофенхајм дома беше поразен со 2:3 од Волфсбург, а сите три погодока за гостиет ги постигна холандскиот напаѓач Воут Вегхорст. Првиот погодок Холанѓанецот го постига во 18 минута од пенал, а домашните успеаја да израмнат во последните секунди од првото полувреме, кога Кристоф Баумгартен го реализираше брзиот противнапад. Гостите повторно вповедоа во 52 минута повторно од пенал кој го реализираше Вегхорст. А откако реализираше два пенала, Вегхорст направи пенак играјќи со рака во живиот ѕид. Сигурен од „белата точка“ беше Крамариќ. Вергхост во 71 минута погоди за третиот победничкиот гол.

Хофенхајм е осми на табелата со 33 бодови, а место зад него сега е Волсфбург со 31 бод. Домашните успеаја само да израмнат во 29 минута преку Ерик Томи, откако во 22 минута гостите поведоа со голот на Јонас Хофман. Во вториот дел двоен стрелец за Борусија беше Ларс Стиндл во 51 и 77 минута, а во 82-та погоди и Флоруина Нејхаус.

Борусија Менхенгладбах е четврта со 42 бода, исколку колку и третопласираниот истоимен клуб од Дортмунд но кој има меч повеќе.

Аугсбур и Фрајбург одиграа без победник. Стрелец за домашните беше Филип Макс во 38, а за гостите Јаник Габерер во 51 минута. Аугсбург е 11-ти со 27 бодови, а Фрајбург се одржа на седмото емсто со 33 бодови.

Херта успеа мининално со 2:1 да победи на гостувањето кај фенерџијата Падеборн. Гостите поведоа преку Дедрик Бојата во 10 минута, израмни во 51-та Денис Србени а домашниот играч Џамилу Колинс во 67 минута ја затресе сопствената мрежа.

Херта е 13-та со 26 бодови, а Падеборн е закован на последното место со 16 бодови.

Во еден од поинтерсесните натпревари во саботата програма Унион Берлин на домашен терен беше поразен од Баер Леверкузен. Домашните поведоа во 7 минута преку Кристијан Гентнер, а потоа во 22 минута израмни Каи Хаварец. Во особено драматичниот финиш гостите поведоа во 83 минута преку Муса Диаби а во 87 израми Мариос Битлер, и додека се очекуваше мечот да заврши без победник, Карим Беларани во четвртата минута од судиското продолжение погоди за победа на гостите.

Унион Берлин е 12-ти со 26 бодови, а Баер Леверкизен со 40 бодови се зацврсти на петтото место.

Во недела на програмата се дуелите Келн – Баерн и Мајнц – Шалке.