Лајтхајзер: Наскоро договор во трговските преговори меѓу Велика Британија и САД

Американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер изјави дека е „многу задоволен” од напредокот на трговските преговори со Велика Британија и најави дека наскоро ќе се постигне договор.

Вашингтон и Лондон започнаа разговори за слободна трговија во мај и најавија дека ќе се постигне договор кога Велика Британија ќе го заврши процесот за напуштање на Европската унија.

Лајтхајзер, кој преку видео врска од Вашингтон им се обрати на учесниците на конференцијата на британската Влада за трансатлантските односи во Лондон, рече дека преговорите се одвиваат редовно и посочи дека треба да се решат некои разлики.

Тој рече дека се уште е оптимист и дека очекува наскоро да биде постигнат договор.

Британската министерка за трговија Лиз Трас, која се обрати на конференцијата преку линк, рече дека пристаништата на западот на земјата, како што е Ливерпул, ќе имаат корист од трговскиот договор со САД.

Преговорите меѓу Лондон и Брисел за идните трговски односи во моментов се во застој, бидејќи Велика Британија дефинитивно ќе ја напушти Европската унија во јануари, по тековниот преоден рок.