Лабораторијата во Вухан има три живи коронавируси од лилјаци, но директорката негира секаква одговорност

Институтот за вирологија во Вухан, којашто ја прокажуваат САД кога станува збор за извор на новиот коронавирус кој предизвика пандемија, има три живи соја од коронавирусот од лилјаци, но ниеден не одговара на вирусот SARS-Cov-2, соопшти директорката на институтот.

Според повеќе научни истражувања, новиот коронавирус на човекот веројатно е пренесен од некое животно. За тоа вината се бара на нелегалниот пазар на диви животни во Вухан, бидејќи на него се продаваат живи диви животни кои се користат во традиционалната кинеска исхрана и медицина.

Меѓутоа, фактот дека на само неколку километри оддалеченост се наоѓа Институтот за вирологаија, со месеци ги подгрева хипотезите за бегство на вирусот од лабораторијата. Повеќе теории кои го обвинуваат институтот во Вухан последните месеци се шират преку интернет.

По написите за тоа во медиумите, американскиот државен секретар Мајк Помпео на почетокот од мај спомена истрага за да се утврди дали е издржана таквата теорија, за којашто досега нема никакви докази.

Таквите сомнежи се „чиста измислица“, изјави директорката на институтот Ванг Јанји за телевизијата CGTN. „Како и сите, не знаевме ниту дека вирусот постои“, рече Ванг во разговорот кој беше емитуван во саботата вечерта.

Директорката вели дека оваа институција „изолираше и доби неколку коронавирусот од лилјаци“. „Имаме три живи соја“, рече Ванг, но истакна дека ниеден не се совпаѓа со вирусот SARS-Cov-2.

Неодамна кинексата влада во текот на полемиката за потеклото на новиот виру истакна дека научниците од лабораторијата во Вухан, кои се напаѓани од САД во врска со ширењето на новиот коронавирусум, биле обучувани во Америка и во Франција.

Спорна е тезата дека вирусот потекнал од лабораторијата со висока безбедност P4 во Вухан, градот каде што кон крајот на минатата година беше идентификуван новиот тип SARS-CoV-2 кој ја предизвика пандемијата на респираторната болест Covid-19.

Институтот во Вухан ги проучува некои од најсмртоносните патогени на светот. Наиучниците од институтот инаку продонесоа од почетокот од епидемијата за подобро запознавање на новиот вирус, а нивниот труд уште во февруари бепше објавен во престижно научно списание.

Лабораторијата Р4 во Вухан е резултат на соработката на кинеската и француската влада. Проектот за лобораторијата, управувањето и конструкцијата се изведени со почитување на строгите меѓународни норми и првите лица кои работеа се обучени во лабораториите Р4 во САД и во Франција.

Споменатата лабораторија во Вухан во 2017 година добила официјална потврда во текот на свеченоста на којашто присуствуваше и тогашниот француски премиер Бернар Казанев. Започна со работа врз основа на договорот меѓу Кина и Франција од 2004 година.

Лабораториската опрема во Вухан секоја година е тестирана од трета страна, истакна Хуа и повтори дека Помпео нема никакви докази дека вирусот излегој од споменатата лабораторија.