Лацио фаворит во Болоња

Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на саботните натпревари од 19. коло во италијанската Серија А.

Фудбалерите на Ливорно ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот со секогаш незгодниот тим на Парма, а иако игра на гостински терен, Лацио важи за благ фаворит во дуелот со екипата на Болоња.