Лацио го презема водството во Серија А

Фудбалерите на Лацио го преземаа водството на табелата на италијанското првенство, откако во саботата во средбата од 26-то коло ја совладаа Болоња со 2:0

Римскиот тим сега води на табелата во Серија А со 62 бода, два повеќе од вторпласираниот Јувентус додека третиот Интер има 54 бодови. Но и Јуве и Интер имаат по натпревар помалку.

„Несбесносинит“ целата работа ја завршија со двата погодока во првиот дел. Луис Алберто погодии во 18 минута, а само три минути подоцна на 2:0 зголеми Жоакин Киреа.

Интерсно е што на овој дуел и Болоња постигна два гола, но двата беа поништени поради офсајд по прегледување на снимката во ВАР-собата.

Лацио со оваа победа ја продолжи серијата без пораз на дури 21 меч. Последниот пораз го доживеа ланскиот 25-ти септември од Интер со 0:1, а потоа врза 17 победи и четири нерешени натпревари.

Поради епидемијата на коронавирусот одложени се пет дуели од 26-то коло, меѓу кои и дербито меѓу Јувентус и Итнер.

Првично беше планирано натпреварите да се играат пред празни трибини, но водството на Серија А во саботата одлучи да ги одложи мечеви. Така одложен е саботниот дуел меѓу Удинезе и Фиорентина, како и неделните Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Саусоло – Бреша и Јувентус – Интер.

Одложените мечеви ќе се играат на 13-ти мај. Тогаш на распоредбата финалето италијанскиот куп, кој е одложено за 20-ти мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.