Спорт

Лацио и Сампдорија ремизираа во натпревар со пресврти

Лацио и Сампдорија ремизираа во натпревар со пресврти

Фудбалерите на Лацио и Сампдорија одихраа 2:2 (0:1) на римски „Олимпико“ во последниот натпревар од саботата програмаод 15-то коло на италијанското првеснтво, а двата последни погодока, по еден на секоја страна, беа постигнати длабоко во судиското продолжение,

Сампдорија поведе со голот на Кваљарела во 21 минута, и го чуваше водството до 79 минута, кога Ачерби израмни. Гостите во 92 минута останаа без исклучениот Бережински, а во 96 минута Чиро Имобиле да реализира пенал за пресврт. И кога се чинеше дека Лацио ги освојува трите бода, во 100-та минута Сапонара со прекрасен лоб удар израмни на 2:2 носејќи и’ бод на Сампдорија, која моментално е на 8-то место со 20 бодови, но со можност да падне неколку места подолу. Лацио, пак, ја испушти можноста барем до недела да напредува едно место погоре на табелата и останува на петтото место со 25 бодови, колку што има и четвртиот Милан со меч помалку, а шест бодови повеќе од шестата Рома.

Во водство е Јувентус со 43 бодови, Наполи е втор со 35, а интер трет со 29 бодови,

Претходно фудбалерите на Калјари со голем пресврт во последните десет минути со Рома успеја да дојдат до бод надоместувајќи два гола заостанување, а до израмнувањето 2:2 стаса во последните мигови од мечот со два играчи помалку, откако беа исклучени Дарио Срна и Паоло Фараго.

Рома со головите на Кристанте во 14 и Александар Коларов во 41 минута имаше убедлива предност и до 85 минута не се чинеше дека е можен пресврт во Калјари. Но тогаш надежите на домашните ги заживеа Молдавецот Артур Јонита, а во петтата минута од судиското продолжение Марко Сау ја искористи грешката на одрбаната на „Волчицата“ и им донесе голема радост на домашните навивачи. Само една минута претходно Паоло Фараго доби втор жолт картон, а судијата Мазолени потоа му покажа директен црвен картон и на Дарио Срна.

Калјари со освоениот бод се одржа на 13-то место со 17 бодови, додека Рома остна на шестото место со 21 бод, колку што има и Торино едно место подолу а ја следат уште група од пет клубови кои по комплетирањето на 15-то коло во Серија А може да ја минат или бодовно да се израмнат со неа.

Фудбалерите на Наполи без проблеми пред своите навивачи го совладаа со 4:0 Фросиноне, со што го задржаа второто место со осум бодови заостанување зад водечкиот Јувентус. Фросиноне, пак, остана на претпоследното 19-то место со 8 бодови.

Стрелци за Наполи беа Полјакот Пјотр Зјелински го отвори резултатот во 7 минута, потоа Алжирецор Адам Унас во 40 минута зголеми на 2:0, а полскиот напаѓач Аркадиуш Милик беше прецизен во 68 и 84 минута.

Во петокот во „дербито за Италија“, Јувентус со 1:0 го победи Интер.

Во недела на програмата се натпреварите Сасуоло – Фиорентина, Емполи – Болоња, ПАрма – Киево, Удинее – Аталанта, Џенова – СПАЛ и Милан – Торино.