Лацио и Верона ја продолжија низата без пораз

05 February 2020. EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Во одложениот натпревар од 17-то коло на италијанското фудбалско првенство, во средата вечерта Лацио и Верона одиграа без голови, па и двата тима ги продолжија своите серии без пораз, Лацио на дури 17, а Верона на седум кола.

Домашните беа поблиску до победата, а најблиску до постигнувањето погодок „небесно сините“ беа во 65 минута кога Луис Алберто ја погоди стативата.

Со тоа серијата без пораз на Лацио се протегна на дури 17 кола. Последен пат римскиот клуб беше поразен кон крајот на ланскиот септември од Интер со 0:1, а потоа врза 13 победи и четири нерешени резултати.

Верона, исто така, успеа да остане непоразена во низа седум кола.

Лацио остана на третото место на табелата со 50 бодови, Интер на второто има бод повеќе, а Јувентус е на врвот со 54 бодови. Верона, пак, е деветта со 31 бод.