Лацио има нов херој – Ѓорѓевиќ го растури Палермо

Филип Ѓорѓевиќ е новиот миленик на навивачите на Лацио, откако овој фудбалер на последниот дуел од петтото коло во Серија А, постигна дури три од вкупно четирите кои неговиот тим му ги даде на Палермо.

Српскиот интернационалец ја започна серијата во 44. минута, продолжи во 75. минута, а својата голеада ја заврши во 83. минута. Последниот гол за “лацијалите” го даде Марко Пароло во третата минута од судиското надополнување. За Лацио ова е втора победа и со шест бода се наоѓа на деветтото место на табелата.


Goals Highlights Palermo 0 -4 Lazio Serie A… by soccerpremium3