Лацио му го нанесе на Јуве првиот првенствен пораз

ANSA/ETTORE FERRARI

Во дербито од 15-то коло на италијанското фудбалско првенство во саботата вечерта во Рим домашниот Лацио со пресврт го совлада актуелниот шампион Јувентус со 3:1.

Лацио ја продолжи победничата серија во италијанскиот шампиона на седум натпревари, додека Јувентус го претрпе првиот пораз во ова првенство, Јувентус сега е втор на табелата со 36 бодови, два помалку од водечкиот Интер, а Лацио е трет со 33 бодови.

Гостите од Торино на „Олимпико“ поведоа со голот на Кристијано Роналдо во 25 минута, по одличната асистенција на Бетанкур, но Лацио успеа да израмни во непосредно пред заминувањето на полувремето преку Лиус Фелипе во судиското продолжение. Во 69 минута Јуве остана со играч помалку отоако поради груб прекршок беше исклучен Хуан Квадрадо, а веќе по пет минути Сергеј Милинковиќ-Савиќ го донесе Лацио во водство. „Небесносините“ веќе во следната минута можеа да го зголемат водството, но Чиро Имобиле не реизираше пенал. Сепак, надмоќта на Лацио ја ефектуираше Фелипе Кајседо во дури петтата минута од судиското продолжение.

Претходно во саботата Аталанта на свој терен со 3:2 ја совлада Верона, со погодок во судиското продолжение. Гостите поведоа во 24 минута со голот на Самуел Ди Кармине, но во последната минута од првиот дел израмни Руслан Малиновски. Ди Кармине во 58 минута повторно ја доведе Верона во водство, коешто го анулираше во 65 минута Луис Муриел од пенал. Трите бода останаа во Бергамо благодарејќи на погодогот на Берат Џимшити во судиското продолжение.

Аталанта во моментов со 28 бодови е на петтото место кое води во Лига Европа, а зад неа е Калјари со ист број бодови но и меч помалку. Верона остана привтремено на 9-то место со 18 бодови, колку што има и осмата Парма.

Играчите на актуелниот вицешампион Наполи не успеаја да остварат победа ниту во седмиот првенствен дуел по ред, а последната победа ја забележаа на 19-ти октомври. Наполи на гости кај Удинезе одигра 1:1. Домашните поведоа во 33 минута преку Кевин Ласања а израмни во 70 минита Пјотр Зелински.

Наполи е седми со 21 бод, а Удинезе моментално е 14-ти со 15 бодови.

Во петокот Интер и Рома одиграа без голови, со што миланските „нераѕури“ го задржаа врвот со 38 бодови, а „Волчицата“ четвртото место со 29 бодови.

Во недела се играат натпреварите: Лече – Џенова, Сасуоло – Калјари, СПАЛ – Бреша, Торино – Фиорентина, Сампдорија – Парама и Болоња – Милан.